Почетна » Вести од граѓанските организации

За измените на Законот за електронски комуникации

17 јуни 2010 2 Comments

Усвојувањето на Измените на Законот за електронски комуникации од страна на пратениците во Собранието на Р Македонија ја разбранува јавност. Согласно овие измени, се создаваат законски можности за неограничена примена на прислушување и други облици на следење на електронските комуникации.

Фондацијата Метаморфозис поддржана од голем број граѓански организации и граѓани, упати повик до Собранието за повлекување на Предлог измените на Законот од Собраниска процедура, со образложение дека “со нив се нарушуваат основните постулати на Уставот на РМ (член 17 и 25) со кои се гарантира неповредливоста на сите облици на општење и заштита на приватноста и достоинството“.

Прифаќањето на измените од страна на Собранието одекна и на меѓународно ниво преку постот на Кори Доктороу (влијателен новинар и писател) објавен на Boing boing, еден од најпопуларните блогови на светот.

Во меѓувреме Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р Македонија има објавено анализа на темата.

Се согласувате ли вие со усвоените измени или имате различен став? Еве ви можност, пишете…

Еве како другите гледаат на измените:

- Филип Стојановски (развигор): Амандман 1984 на Уставот на Република Македонија

- Алфа ТВ: МВР ќе прислушува без судски налог

- Сител ТВ: Собранието го донесе Законот за електронски комуникации

- Кирилица: Донесен Законот за електронски комуникации

- Дамјан: Што е lawful intercept и како сите нас ќе не боли

- Комуникации.нет: Кога Грујо стана Лери, Сергеј, Ерик и Марк заедно

2 Comments »

Остави коментар!

Коментирај, или следи од твојот веб сајт. Преземи subscribe to these comments RSS.