Центарот за застапување е посветен на зајакнување на влијанието на граѓаните и заедницата во процесите на креирање политики и донесување одлуки.
Тимот на Центарот за застапување верува дека граѓанските организации и граѓаните се единствените вистински познавачи на општествените состојби и дека тие се клучниот фактор којшто треба да учествува во донесувањето одлуки и креирањето политики.
Затоа, Центарот, преку вложување на поддршка во застапувањето на нивните идеи и иницијативи, се залага да им помогне во напорите да ги остварат своите цели.
Веруваме дека најдобрите резултати се остваруваат со помош на учење преку создавање на нови заеднички искуства и размена на добри практики, со вреднување на креативноста и поддржување на соработката, со инвестирање во граѓаните и во нивните вештини, знаење и сила.
Целта на Центарот за застапување е да придонесе кон поинформирани и поактивни граѓани и кон постојана општествена партиципација во процесите на донесување одлуки и креирање политики.
Прочитај повеќе »Под клучни елементи на застапувањето подразбираме неопходни карактеристики кои вашите активности за застапување мора да ги имаат. Бројните искуства на организациите кои работат на полето на застапување како и на оние кои го истражуваат застапувањето ширум светот, дозволуваат да се издиференцираат неколку клучни елементи кои се основа на активностите за застапување.
Овој пост е извадок од Прирачникот за застапување којшто го изработи тимот на Центарот за застапување и којшто наскоро ќе можете да го најдете на интернет страницата на Центарот.
Од застапувањето, како процес, генерално се очекуваат три резултати: Промена на политика или пракса, променан на систем или демократска промена…
Вториот модул од тренингот за тренери на тема Развивање и имплементација на кампањи за застапување, се одржа на 5, 6 и 7 јули во Скопје.
Фокусот на овој модул од тренингот беше на детално проучување, анализирање и практично развивање на секој од чекорите кои што една кампања за застапување треба да ги содржи.Преку интензивна практична и групна работа, учесниците успеаја да ги развијат своите иницијативи и предлози во вистински и оригинални кампањи за застапување.